Македонија

Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка

Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова наскоро треба да го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка. Мандатот на актуелната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, завршува утре, но согласно закон, таа ќе ја извршува функцијата сè до изборот на нејзин наследник.

Сиљановска-Давкова вчера изјави дека одлуката е речиси донесена, но не откри детали:

„Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Сметам дека треба да се разговара со сите потенцијални кандидати – да се слушнат нивните мислења за работата и за други кандидати. Би сакала да има повеќе избор, но тоа не е секогаш возможно.“

Според неофицијални информации, меѓу најсериозните кандидати се споменуваат:

Анита Ангеловска-Бежоска (актуелна гувернерка),

Трајко Славески (професор на Економскиот факултет),

Зоран Ставрески (поранешен министер за финансии).

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува новиот гувернер да биде фактор на економска стабилност и развој:

„Да почекаме да видиме кој ќе биде предлогот доставен во Собранието од Кабинетот на претседателката.“

Ангеловска-Бежоска беше именувана на 22 мај 2018 година. Нејзини претходници беа Димитар Богов (2011 – 2018), Петар Гошев (2004 – 2011), Љубе Трпески (1997 – 2004) и Борко Станоевски (1986 – 1997).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни