Македонија

Возач со автомобил удрил во 13-годишно девојче избегал

Возач со автомобил удрил во 13-годишно девојче избегал

На 21.05.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека  на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и с.Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од с.Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни