Македонија

Стапи на сила новиот Закон за енергетика – еве што предвидува

Стапи на сила новиот Закон за енергетика – еве што предвидува

Собранието го усвои новиот Закон за енергетика, кој веќе е објавен во „Службен весник“ и ќе стапи во сила по истекот на законски предвидениот рок. Законот претставува клучен чекор кон обезбедување на чиста, праведна и одржлива енергетска иднина за земјата.

Новата правна рамка предвидува:

Поголемо учество на обновливи извори на енергија,

Подобрување на енергетската ефикасност,

Отворање на пазарот за фер конкуренција и вклучување на граѓаните како активни учесници,

Заштита на ранливите потрошувачи,

Поттик за нови домашни и странски инвестиции во секторот.

Законот е усогласен со европското законодавство и доби поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница, што го позиционира како стратешка основа за натамошна енергетска интеграција со Европската унија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најавуваат дека реформите ќе продолжат со целосна доследност и одговорност, со фокус на достапна, стабилна и зелена енергија за сите граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни