Во спроведената онлајн анкета на интернет страницата на ТВ21, на прашањето: „Кој треба да застане на чело на новото обвинителство за гонење на криминал и висока корупција?“, најголем дел од учесниците – 36% одговориле дека Фатиме Фетаи треба да биде наследник на Катица Јанева, односно да застане на чело на новото обвинителство.
Веднаш по обвинителката Фетаи, следуваат Ленче Ристоска со 25%, па Владимир Панчевски кој инаку е предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со 21% и Вилма Рускоска актуелна шефица на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

На дното на листата се наоѓа актуелната специјална јавна обвинителка во заминување Катица Јанева, која од вкупниот број на гласови освои само 3% односно 44 гласови. Со анкетата може да се заклучи дека довербата во Јанева е опадната по отворањето на еден од најголемите случаи за корупција и перење пари во државава – „Рекет“.
Катица Јанева официјално не е дел од истрагата за „Рекет“, но обвинителството и ги одзеде двата мобилни телефони, во кои засега како што дознаваме не се пронајдени клучни информации кои би помогнале во истрагата и евентуална вмешаност на обвинителката во случајот.
Анкетата е спроведена врз 1,294 читатели на веб страницата на ТВ21.