Македонија

Мицкоски: Царинската стапка со САД ќе биде 0%

Мицкоски: Царинската стапка со САД ќе биде 0%

Вечерва пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, во Македонскиот народен театар, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година. Мерката е дел од економските реформи кои, според него, биле барање на бизнис заедницата што со децении не било усогласено.

– Тоа се парафискални давачки кои имаат цел да го зајакнат домашното производство и да им помогнат на извозно ориентираните компании. Со ова се врши и усогласување со европските стандарди – изјави Мицкоски.

Мицкоски во однос на изјавата на претседателот на САД, Донал Трамп, дека ќе воведе 50% царина за производи од Европската Унија, рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи.

– Нашата царинска стапка со САД е 10%, а со новото усогласување таа ќе биде 0%. Веќе сум во сериозни разговори со американската администрација и со државниот секретар за економија Хауард Лутник. Очекувам да бидеме меѓу земјите со најниски царински стапки, додаде премиерот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни