Од 13.30 часот денеска има прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак.
АМСМ информира дека сообраќајот се пренасочува преку централно градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.