Македонија

Сестрите секојдневно се сеќаваат на Елиф кој исчезна во поплавите во Сингелиќ, дедо ѝ постојано пред себе го гледа ликот на внуката

8-годишната Ерина и 7-годишнаа Ермина се сестрите на Елиф, која исчезна за време на поплавите кои пред три години го зафатија регионот на Сингелиќ. Тие сѐ уште имаат свежи сеќавања за нивната сестра Елиф, која тогаш имаше само 16 месеци. Фуркан, заедно со неговата сопруга и ќерката Елиф, на денот на поплавата тргнале да изразат сочувство кај роднини. На враќање кон дома, водата го однесе и нивниот автомобил.

Исуф Фејзулаху, на тој ден се сеќава како вчера, но сепак ги задржува солзите. Тој го изгуби синот Фуркан и внуката, Елиф. Вели дека каде и да оди го гледа лицето на Елиф и копнее нејзиното тело да биде пронајдено.

Семејството Димитриевски од Стајковци едвај се спасиле од обилните врнежи. Лидија Димитриевска раскажува дека нејзините две деца се спасиле, но куќата им претрпела голема штета. Поплавениот подрум сѐ уште не е саниран, бидејќи стравуваат да не се повтори слична непогода.

Раните по изгубените блиски не ги лекува времето. Жителите од овој дел на Скопје чувствуваат морници секогаш кога раскажуваат за тој ден. Го молат Бога никому и никогаш да не му се случи ваква катастрофа.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни