И по цели три години жителите на Сингелиќ и Стајковци јасно се сеќаваат на кобниот ден од досега најголемите поплави кај нас. Згаснаа 23 животи, а многу семејства останаа без своите домови и плодна земја.
На влезот на Сингелиќ, каналот од кој се шири непријатна реа сѐ уште отворен. По поплавата, жителите велеа дека токму каналот бил причинител за непогодата, но и покрај нивните поплаки сѐ уште ништо не е инвестирано за негова санација. Првиот човек на Гази Баба, вети дека каналот ќе биде затворен и дека на тоа место ќе биде изграден плоштад. Не одреди прецизен датум – кога се очекува каналот да биде саниран, само рече дека очекува да се направи ребаланс на општинскиот буџет.
По поплавите, градежните експерти велеа дека атмосферските канали немале доволен капацитет за да ја акумулираат водата надојдена од планините кон селото Црешево, а пак, метеорлозите страшното невреме го опишаа како појава што се случува еднаш во илјада години.
РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА