Македонија

Лекови со рецепти ќе има цел месец, ќе се купуваат со лична карта

Од денес стапи на сила мерката на Владата за укинување на квотите на лековите во туристичките места во земјата. Од 1 септември се очекува мерката да стапи на сила во цела територија на Северна Македонија. Лековите кои се во позитивната листа ќе бидат пристапни цело време за пациентите и трошоците ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување.

Директорот на ФЗО, Орхан Рамадани, вели дека во иднина сите граѓани кои имаат здравствено осигурување ќе мораат со себе да носат лична карта или пасош за да купуваат лекови. А за децата и лицата кои не се во можност сами да одат до аптека, лековите ќе ги земаат нивните роднини. Сега засега граѓаните во туристичките центри можат да земат лекови и без документи за идентификација.

Граѓаните не се известени за оваа мерка, а тие малкумина кои се информирани, сметат дека укинувањето на квотите е позитивно, но велат дека како мерка е многу задоцнета. За други, процедурата е во функција на претстојните избори.

Освен граѓаните, за мерката не беа известени неколку аптеки кои ги прашавме за став, ниту Фармацевтска комора на Северна Македонија. Од таму велат дека се уште не добиле службено известување во врска со оваа одлука и дека не се информирани доволно за да дадат коментар. Инаку мерката е резултат на неколку злоупотреби од страна на аптеките, нешто за што обвини премиерот пред неколку дена. Во врска со тоа истрага води Фонд за здравство, од каде ни рекоа дека ќе не информираат кога ќе имаат точни информации.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни