Македонија

Независните иницијативи бараат итни измени на Изборниот законик во пресрет на локалните избори

Независните иницијативи бараат итни измени на Изборниот законик во пресрет на локалните избори

Независните граѓански иницијативи денеска упатија барања до Министерството за правда, Собранието и другите надлежни институции за итни измени на Изборниот законик. Целта на овие измени е да се олесни кандидатурата и учеството на независните кандидати и независните листи на претстојните локални избори во земјава.

Јана Белчева од групата избирачи истакна дека актуелниот Изборен законик создава бројни административни и финансиски пречки за независните кандидати. Таа нагласи дека за вистинска демократија е неопходно секој граѓанин кој сака да се кандидира да има еднакви можности, без дискриминација и без непотребни пречки.

Горјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“ вели дека сегашните законски решенија ги фаворизираат големите политички партии и ги ограничуваат независните граѓански иницијативи, спречувајќи ја нивната активна улога во политичкиот живот.

Независните иницијативи ги повикаа институциите итно да ги разгледаат нивните предлози за измени и да обезбедат фер и демократски услови за сите учесници на изборите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни