Македонија

Општина Аеродром целосно забрани изградба на асфалтни и бетонски бази

Општина Аеродром целосно забрани изградба на асфалтни и бетонски бази

Советот на Општина Аеродром, на предлог на в. д. градоначалникот Дејан Митески, донесе одлука со која се забранува планирање и изградба на асфалтни и бетонски бази и други погони за производство на градежни материјали кои претставуваат ризик за животната средина.

„Ова е црвена линија што ја повлекуваме во името на сите генерации што живеат и ќе живеат во Аеродром. Нашата општина е и ќе остане пример за модерно, еколошко и одговорно урбано живеење“, рече Митески.

Со стапувањето на сила на оваа одлука, ниту еден иден урбанистички план нема да може да предвидува изградба на вакви бази и погони на територијата на општината.

Општина Аеродром порачува дека здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина остануваат нивни главни приоритети, а оваа мерка дополнително ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на животот на жителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни