Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека демонстрантите ќе го уништеле Лос Анџелес доколку не ја распоредел Националната гарда.
- Донесовме правилна одлука да ја распоредиме Националната гарда за да ги смириме насилните немири во Калифорнија. Доколку не го сторевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен – напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Тој, исто така, ги обвини гувернерот и градоначалникот на државата дека „го лажат американскиот народ“ нарекувајќи ги немирите „мирни протести“.
Трамп нагласи дека владата ќе стори сè што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на граѓаните на земјата.