Македонија

Муцунски разговарал со Калас: ЕУ интеграцијата на Македонија во фокус на разговорите

Муцунски разговарал со Калас: ЕУ интеграцијата на Македонија во фокус на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас. Во разговорот, Калас ја потврди континуираната поддршка на ЕУ за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Муцунски ја реафирмираше посветеноста на земјава кон европските вредности, вклучително и владеењето на правото, дијалогот и добрососедската соработка, како клучни темели на пристапниот процес кон Европската унија.

Двајцата соговорници разговараа и за регионалното поврзување, при што Муцунски ја нагласи поддршката за реализација на Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Во рамки на разговорот, разменети беа мислења и за актуелните состојби на Блискиот Исток, каде што беше заеднички нагласена важноста од почитување на меѓународното право и потребата од избегнување на понатамошна ескалација.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни