Македонија

Владата ѝ додели на Град Скопје земјиште на трајно користење за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Владата ѝ додели на Град Скопје земјиште на трајно користење за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Владата донесе одлука со која ѝ дава на Град Скопје право на трајно користење на градежно земјиште во Горно Лисиче и Трубарево, со вкупна површина од над 49.000 м², за изградба на пречистителна станица за отпадни води.

„Се дава право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Град Скопје… за изградба на објект од јавен интерес со намена Е1.6 – канализациски инфраструктури: пречистителна станица“.

Земјиштето опфаќа повеќе катастарски парцели во КО Горно Лисиче-вонград и КО Трубарево, а согласно деталниот урбанистички план ќе биде наменето за еден од најважните инфраструктурни проекти во Скопје – изградба на централната пречистителна станица, со што треба значително да се подобри заштитата на реката Вардар и животната средина во главниот град.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни