Македонија

Ахмети, Села и Таравари ќе потпишат соработка за локалните избори

Ахмети, Села и Таравари ќе потпишат соработка за локалните избори

Лидерот на ДПА, Али Ахмети, заедно со претседателите на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, и Алијансата на Таравари, Арбен Таравари, во наредните денови ќе потпишат официјален договор за заедничка соработка на претстојните локални избори, со цел зацврстување и доминација на албанскиот политички блок.

Како што објави порталот „Тетовасот“, тројцата лидери веќе постигнале договoр за заеднички настап на изборите во октомври. Според неофицијални информации, поделбата на кандидатските места по општини веќе е договорена:

ДУИ ќе излезе со кандидати во Тетово, Чаир, Кичево, Боговиње, Беровеница, Желино, Студеничани, Липково, Долнени и Чашка.

Алијанса за Албанците (Зијадин Села) ќе ја има поддршката во Струга, Дебар и Арачиново.

Алијансата на Таравари ќе настапи во Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце.

Со оваа коалиција, албанските партии се обидуваат да ја јакнат својата присутност и влијание во клучни општини, преку координирана распределба на ресурсите и гласачките мрежи.

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, остро ја критикуваше оваа соработка, обвинувајќи ги Таравари и Ахмети дека го запоставиле „Европскиот фронт“ и прифатиле тесна коалиција меѓу себе. Според Фетаи, со овој потег, Алијансата на Таравари „завршила во прегратките“ на ДПА, оставајќи ја надвор европската платформа.

Договорот треба формално да биде потпишан во текот на следната недела, по што ќе следува и официјална промоција на заедничките кандидати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни