Македонија

АД ЕСМ со реакција на обвинувањата од СДСМ – договорот со Техно Коп Плус сè уште не е потпишан

АД ЕСМ со реакција на обвинувањата од СДСМ – договорот со Техно Коп Плус сè уште не е потпишан

Во врска со континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ –
уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираме
јавноста дека Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за
технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по
јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од
досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е
потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен
по истекот на овој период, велат од АД ЕСМ во реакцијата.

„Во однос на испадот на Блок 2 од мрежата, сакаме повторно да нагласиме
дека немаше хаварија туку извесно е дека ни се случи саботажа. Целиот
настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции. 
Во меѓувреме, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е
во прекин, преземаме проактивни мерки за внатрешно справување со сите
отворени прашања.

Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на
Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за
синхронизација на мрежата а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството
на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, нема потреба
да “возиме” со 2 блока.

Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно
обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото
производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана
набавка и продажба на ел. енергија преку МЕМО“, се вели во реакцијата на АД ЕСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни