Македонија

ВЛЕН ги осудува лицемерните обиди на Османи и Адеми да ја блокираат и омаловажат процедурата за конечно усвојување на Законот за правична застапеност

ВЛЕН ги осудува лицемерните обиди на Османи и Адеми да ја блокираат и омаловажат процедурата за конечно усвојување на Законот за правична застапеност

ВЛЕН најостро ги осудува лицемерните обиди на Бујар Османи и Арбер Адеми да ја блокираат и омаловажат процедурата за конечно усвојување на Законот за правична застапеност. Очигледно имаат нешто против уставното право за Албанците, кое ДУИ никогаш не го реализираше, велат од ВЛЕН во соопштение.

„Очигледно е дека тие од ДУИ се единствените што губат кога владее ред и мерит систем, затоа што Бујар Османи ја вработи сопругата во АЕК, а сестрата во М-НАВ, на најскапи работни места, додека Арбер Адеми му обезбеди универзитетска плата на својот брат.

Додека тие и нивните семејства се шетаа низ јавните институции и бираа ВИП позиции, младите Албанци мораа да се селат во Германија за да најдат работа и достоинство.

Со Законот за правична застапеност тоа време завршува. Од сега критериум ќе бидат знаењето, квалификациите и компетентноста – не семејното дрво, ниту партиската книшка. Токму затоа најгласни противници се Бујар Османи и Арбер Адеми; нивното комодитетно привилегирање повеќе не поминува.

Правичната застапеност нема да биде тезга за вработување на семејствата на функционерите од ДУИ. Ќе биде законско право за секој Албанец.

ВЛЕН стои цврсто зад секој млад човек што сака да гради кариера тука, дома. Ќе обезбедиме секоја институција да биде огледало на општеството – не приватен имот на политичките фамилии“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни