Денеска во ФЗОМ, директорот Сашо Клековски се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.
Тие разговараа за потребите на повредените и кои се можностите. Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроено по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговаравме и за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.
Претходно Клековски бил во комуникација со амбасадорката Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим, и испратил пораки за мир и безбедност.
„Тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.
Тие упатуваат топли поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме!“ – велат во соопштение од ФЗОМ.