Македонија

Во пресрет на топлотниот бран: Институтот за јавно здравје со препораки за заштита на населението и работниците

Во пресрет на топлотниот бран: Институтот за јавно здравје со препораки за заштита на населението и работниците

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија упати јавен апел за почитување на мерките за заштита од високи температури, по најавата на УХМР за пораст на температурите од 24 до 27 јуни 2025 година. Според прогнозите, се очекува многу топло време кое може да влијае на здравјето на општата популација, особено на ранливите категории граѓани.

Препораки за работодавачите:

Ранливи категории се сметаат лицата кои работат на отворено или во простории со високи температури, како градежни работници, земјоделци, доставувачи и сообраќајна полиција. Кај овие групи ризикот од појава на болести предизвикани од топлина е значително поголем.

Препораки за работодавачите:

Обезбедување вентилација и климатизација на работните простории.

Обезбедување „засолниште“ за разладување на вработените.

Флексибилно работно време, работа од дома или скратени смени.

Избегнување работа на отворено од 11 до 17 часот.

Обезбедување доволно течности и електролити.

Почести паузи и намалување на интензитетот на работа.

Внимание кон работници со хронични болести, бремени жени и постари лица.

Дозволување отстранување на заштитна опрема за време на паузите.

Надзор при работа со хемикалии.

Препораки за вработените:

Пиење најмалку 2 литри вода дневно, избегнување алкохол и кофеин.

Доволно одмор, туширање и носење лесна и светла облека.

Користење креми со УВ фактор и капи при работа на отворено.

Веднаш пријавување на симптоми како вртоглавица, замор и повраќање.

Не се дозволува вработени со симптоми на топлотен удар да ја напуштат работата без третман.

Прва помош при топлотен удар:

Веднаш повикајте 194 или 112.

Пренесете го лицето во разладена просторија, легнато со подигнати нозе.

Ладете го со вода и облози, но не давајте терапија без лекар.

Ако е во бессознание, поставете го во странична положба.

Вонредни прегледи:

Се препорачуваат вонредни прегледи од специјалисти по медицина на труд за индивидуална проценка на работоспособност кај ризичните категории вработени.

Институтот нагласува дека е неопходно строго почитување на овие препораки за да се избегнат сериозни здравствени последици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни