Пожар избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда позната како „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево. Огнената стихија целосно зафати еден стан, но за среќа, нема повредени лица. Сепак, едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итната медицинска помош за дополнителен лекарски преглед.
На терен интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево, како и припадници на полицијата. Пожарот бил целосно локализиран и изгаснат во 01:30 часот по полноќ.
Причините за избувнување на пожарот сè уште се утврдуваат, а надлежните институции најавија повеќе информации во текот на денот.