Вчера околу 15 часот во ходникот на Центарот за социјални работи во Пехчево е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица. Според пријавеното во полиција, по претходна расправија поради недоразбирања околу нивната малолетна ќерка, дојде до конфликт меѓу В.Т. (27) од Гевгелија и В.П.Н. (23) од Пехчево.
Во текот на расправијата, В.Т. ја турнал В.П.Н. во прозорецот, по што таа паднала во дворот на објектот. На повредената и е укажана лекарска помош од екипата на Итната медицинска помош – Пехчево.
В.Т. е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок до надлежните институции.