Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија, а лековите за третман на онколошки заболувања се достапни. Директорот на клиниката, проф. д-р Игор Стојковски, посочува дека лекот Paclitaxel е навреме нарачан, но поради краток застој во дистрибуцијата, се очекува овие денови да биде испорачан на клиниката.
„За paclitaxel има замена од истата група лекови со идентична ефикасност – тоа е docatexel. Исто така, лекот Erlotinib се заменува со Gefitinib, кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени и се очекува овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден,“ вели проф. д-р Стојковски.
Дополнително, годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови, со што се подобруваат условите за третман на пациентите.