Македонија

Прекинат сообраќајот на патот Струга – Дебар кај Луково поради сообраќајка

Прекинат сообраќајот на патот Струга – Дебар кај Луково поради сообраќајка

Сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар, кај селото Луково, е во прекин во двата правца од 12:42 часот, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Причина за прекинот е сообраќајна незгода што се случила на оваа делница.

Во моментот се вршат увид и активности за расчистување на местото на несреќата. Од надлежните апелираат возачите да бидат внимателни и да користат алтернативни правци додека трае прекинот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни