Свет

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа!

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, почина во сообраќајна несреќа, објави шпанскиот весник „Марка“ .

Трагичната вест за смртта на 28-годишникот сè уште не е потврдена од неговиот клуб или неговото семејство, но Португалската фудбалска федерација веќе изрази сочувство.

Се верува дека Жота загинал во сообраќајна несреќа  кратко по полноќ (3 јули) во шпанската покраина Замора. Медиумските извештаи ja наведуваат дупнатаta гума на Ламборџинито како причина за трагедијата.

Неговиот брат Андре (26 години), фудбалер на португалскиот клуб Пенафиел,  исто така загина во несреќата .

Според очевидци кои го пријавиле инцидентот во полиција, автомобилот излетал од патот и се запалил .

Пожарникарите, полицијата и медицинските лица пристигнале на местото на настанот, но можеле само да ја потврдат смртта на двајцата браќа. 

Автомобилот бил толку лошо оштетен од пламенот што можел да се идентификува само по бројот на регистарската табличка. Се чекаат ДНК тестови за дефинитивно да се потврди идентитетот на жртвите.

Диого Жота е роден во Порто, Португалија на 4 декември 1996 година. 

Тој ја започна својата фудбалска кариера во академијата Гондомар, пред да се пресели во академијата Пасос де Фереира , каде што го имаше своето деби во машкиот фудбал во октомври 2014 година . 

По 2 сезони, 41 настап и 14 гола, тој се пресели во Атлетико Мадрид . Сепак, не успеа да се етаблира таму и беше испратен на позајмица во Порто (27 настапи, 8 гола), а потоа во Вулверхемптон (44 настапи, 17 гола). 

Англиските „Волци“ ги стекнаа правата за неговата кариера во 2018 година. Тој остана во тимот до 2020 година (67 натпревари, 16 гола). 

Ливерпул плати 45 милиони фунти за него , а тој брзо се етаблираше во тимот. Жота одигра 5 сезони за „Мерсисајдерси“. На 182 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна 65 гола , а со тимот стана шампион на Англија (2025) и победник на Купот на Фудбалската асоцијација (2022). 

За португалската репрезентација одигра 49 натпревари , постигнувајќи 14 гола , и беше дел од екипите што триумфираа во Лигата на нации во сезоните 2018/2019 и 2024/2025.

Само пред две недели, Жота се ожени со својата сакана Руте. Двајцата се заедно многу години, преземајќи го овој чекор по раѓањето на нивните три деца –  Денис (2021), Дуарте (2023) и ќерка родена во 2024 година, чие име не е откриено. 

Јота беше исто така доста страствен за електронски игри , имајќи свој тим со кој учествуваше на турнири.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни