Хеликоптерот Bell 412EP на Министерството за внатрешни работи, опремен со системот DART за гасење пожари, денеска е ангажиран во гасење на пожар во реонот на Кочани.
Леталото активно дејствува од воздух во насока на локализирање и сузбивање на пожарот кој зафати поширока површина во ридско-планинскиот дел на територијата.
Системот DART овозможува ефикасно собирање и фрлање на вода на точни координати, со што се забрзува процесот на гасење и се спречува ширење на огнот.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не палат огнови на отворено, особено во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари.