Македонија

83-годишен маж пријавил измама – дал 4.000 евра за „судска помош“

83-годишен маж пријавил измама – дал 4.000 евра за „судска помош“

На 03.07.2025 во 09.00 часот, во ОВР Демир Хисар 83-годишен маж пријавил дека во село во демирхисарско во 2023 година дошол неговиот внук С.П. со лице кое се претставило како адвокат и тој му рекол дека ако му даде 4000 евра ќе му помогне да добие судски спор.

Пријавителот му ги дал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни