Македонија

Арсовска пријави во полиција диви приклучоци на градската водоводна и канализациона мрежа

Арсовска пријави во полиција диви приклучоци на градската водоводна и канализациона мрежа

На 05.07.2025 година во два одвоени случаи, поточно во 13.09 часот и во 14.48 часот во СВР Скопје, од страна на Д.А., во својство на градоначалник на град Скопје и А.Ј. во својство на инспектор при Град Скопје, е пријавено дека на улиците „Аврам Писевски“ и „Индира Ганди“ во Скопје биле констатирани диви приклучоци на градската водоводна и канализациона мрежа, без налог и одобрение од градот, при што во првиот случај пријавителите биле спречени од страна на граѓани во натамошно извршување на службени дејствија.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни