Македонија

Перински му честиташе на Ѓорѓиевски: За Скопје нови времиња – времиња на проекти, развој и работа за граѓаните

Перински му честиташе на Ѓорѓиевски: За Скопје нови времиња – времиња на проекти, развој и работа за граѓаните

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска му честиташе на Орце Ѓорѓиевски за изборот за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Како што вели, пред нив е заедничка обврска да се стават во служба на промените што му се потребни на Скопје.

„Градот мора конечно да почне да функционира нормално, одговорно и во корист на граѓаните. За тоа да се случи, потребна е силна и јасна победа. Верувам дека тоа ќе го постигнеме заедно. Неговото искуство во општината и резултатите таму се гаранција дека доаѓаат за Скопје нови времиња – времиња на проекти, развој и работа за граѓаните. Орце, честитам! Заедно – до победа!“, посочи Перински.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни