Македонија

Нормализиран сообраќајот кон граничниот премин Блаце – укината забраната за камиони и автобуси

Нормализиран сообраќајот кон граничниот премин Блаце – укината забраната за камиони и автобуси

Доцна синоќа е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце, откако беше укината забраната за движење на товарни моторни возила и автобуси.

Сообраќајот на овој правец претходно беше ограничен поради големиот пожар што зафати отворен простор во општина Чучер Сандево, над магистралниот пат Скопје – Блаце.

Надлежните информираат дека пожарот е ставен под контрола, а сообраќајот се одвива без рестрикции во двата правци.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни