Македонија

Мицкоски: За брзата пруга има интерес од големи финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Мицкоски: За брзата пруга има интерес од големи финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, соопшти дека за проектот за изградба на брзата пруга на делницата од Коридорот 10 пристигнале понуди од реномирани светски финансиски институции, кои досега немале присуство во овој дел од Европа.

Според Мицкоски, понудите се охрабрувачки и претставуваат позитивен сигнал за довербата кон државата и проектот.

„Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со податокот која е најдобрата понуда. Има понуди и тоа не прави особено задоволни затоа што големи финансиски светски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа сега пројавуваат интерес да учествуваат во овој проект што посебно не охрабрува“ – рече Мицкоски.

Денеска истекува рокот за поднесување на понудите. Министерството за финансии има испратено барања за понуди до 24 финансиски институции, со цел обезбедување средства за изградба на стратегискиот проект – брза пруга на Коридорот 10, кој е еден од најважните инфраструктурни приоритети на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни