Македонија

МВР: Едно лице повредено и пренесено во болница, сопственикот на отпадот во Визбегово приведен

МВР: Едно лице повредено и пренесено во болница, сопственикот на отпадот во Визбегово приведен

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.

До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош.

Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни