Македонија

Мицкоски: Започнуваме уште една капитална инвестиција за државата со 66 километри гасовод

Мицкоски: Започнуваме уште една капитална инвестиција за државата со 66 километри гасовод

На својот Фејсбук профил, премиерот Христијан Мицкоски напиша дека „денес се отпочнува со уште една капитална инвестиција за државата“.

„Денес не го поставуваме само почетокот на изградбата на еден гасовод. Туку го поставуваме почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас.

Со овој проект ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.

Тоа е енергија за раст, тоа е гориво за економијата, тоа е безбедност за иднината.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра.

Покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе. Овој проект не е нова идеја, но, досега остана само како идеја. Иако беше ветувано претходно, никогаш не беше започнат.

Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека се работи со одговорност, истрајност и вистински намери- резултатите стигнуваат. Ние сме тука да градиме нешто подобро. Ги засукавме ракавите, ја презедовме одговорноста и почнавме да ги поставуваме темелите.

Ги градиме темелите на промените!“ – вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни