Во Влада попладнево е закажано итно заседание на формираниот кризен штаб за пожарите.
Според најавите, со кризниот штаб ќе раководи премиерот Христијан Мицкоски.
Засега е познато дека Мицкоски ја одложува вечерашната партиска трибина во Куманово и ќе биде во Влада.
На последната седница одржана вчера Влада донесе одлука за прогласување кризна состојба.
Во последното соопштение од Центарот за управување со кризи се вели:
Во моментот е во тек состанок на Главниот штаб во Центарот за управување со кризи. Нашите дежурни оперативци интензивно работат на прибирање информации од терен за состојбата со активните и високоризичните пожари. Сепак, имајќи предвид дека сите расположливи екипи и ресурси се ангажирани и максимално фокусирани на активностите за гаснење на пожарите, се соочуваме со одредени потешкотии при обезбедувањето подетални информации за јавноста во овој момент. Ве молиме за разбирање и трпение. Штом добиеме поточни и потврдени податоци, веднаш ќе бидете информирани.