Скопје денеска се соочува со сериозна противпожарна криза – активни се пет пожари на различни локации, при што некои од нив се во близина на населени места и индустриски објекти.
Граѓаните пријавуваат густ чад, мирис на запалено и намалена видливост во повеќе делови од градот.
На терен се противпожарни екипи, доброволци и служби за заштита и спасување, а состојбата се следи од Центарот за управување со кризи. Во некои реони се бара и вклучување на хеликоптери поради тешко достапниот терен.
Следете ја ситуацијата во живо: