Македонија

МЗ: Ја следиме состојбата, целосно сме мобилизирани и подготвени за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици

МЗ: Ја следиме состојбата, целосно сме мобилизирани и подготвени за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи.

Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни