Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, соопшти дека пожарот кој со часови беснееше во околината на општината е конечно локализиран.
Тој упати голема благодарност до сите пожарникари, институции, служби, волонтери и граѓани кои несебично се вклучија во гаснењето и поддршката.
„Позади нас е голем и тежок ден кој што ја стави на тест нашата издржливост и солидарност“ порача Митовски.
Општината останува во состојба на зголемена подготвеност, со цел навремено реагирање доколку се активира ново жариште.