Македонија

Исклучете ги климите за да не влегува чад, надвор носете маски – ИЈЗ со препораки за пожарите!

Исклучете ги климите за да не влегува чад, надвор носете маски –  ИЈЗ со препораки за пожарите!

Институтот за јавно здравје објави препораки за граѓаните за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна околина.

Како што велат, граѓаните да останат информирани и да ги следат известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации.

Тие треба да ги почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување.

Во продолжение останатите препораки:

2. Ограничете го изложувањето на чад

  • Држете ги прозорците и вратите затворени.
  • Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух.

3. Засолнете се во безбеден простор

  • Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор.
  • Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента.

4. Користете соодветна заштитна опрема

  • Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Најефикасна заштита обезбедуваат маски со филтер од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски со филтри за органски и неоргански гасови.
  • Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).

5. Заштита на ранливи групи

  • Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести да останат во најзаштитените простории.
  • При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш побарајте медицинска помош.

6. Подгответе се за евакуација

  • Подгответе торба со најважните документи, лекови, вода, храна и средства за лична заштита.
  • Знајте ги најкратките и најбезбедни патишта за евакуација.

7. Прва помош при изложеност на чад или изгореници

  • Ако некој има симптоми на труење со чад, изнесете го на свеж воздух и побарајте медицинска помош.

8. Комуникација

  • Останете во контакт со семејството и соседите, особено со ранливите лица.
  • Известете ги надлежните служби за лица што имаат потреба од помош.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни