Македонија

18 лица побарале помош поради вдишување чад – шест хоспитализирани

18 лица побарале помош поради вдишување чад – шест хоспитализирани

Во изминатите три дена, 18 граѓани побарале медицинска помош поради вдишување на чад, а шест од нив биле задржани на болничко лекување, изјави д-р Андон Чибишев.

„Од шестмината хоспитализирани, четворица денеска се пуштени дома. Двајца сè уште се задржани, бидејќи не се завршени сите клинички испитувања“, информира д-р Чибишев.

Според него, меѓу хоспитализираните има пет професионалци – двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на Итна медицинска помош. Останатите се волонтери кои помагале во гаснењето на пожарите.

Лекарите предупредуваат дека вдишувањето чад може да предизвика сериозни последици, особено кај лица кои подолг временски период се изложени на отровни гасови и ситна пепел. Надлежните апелираат до сите кои учествуваат во гаснењето да користат заштитна опрема и редовно да се јавуваат на лекар при појава на симптоми како кашлица, вртоглавица или отежнато дишење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни