Македонија

ВИДЕО Пожар на пругите помеѓу Кисела Вода и Аеродром – гори сува трева, граѓаните се жалат на силна миризба

ВИДЕО Пожар на пругите помеѓу Кисела Вода и Аеродром – гори сува трева, граѓаните се жалат на силна миризба

Нов пожар избувна денеска во Скопје, зафаќајќи го големиот празен простор со сува трева помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, во близина на пругите.

Жителите се жалат на силна и миризба која се шири од опожарената површина.

Оваа локација е позната како често жариште за пожари, при што речиси секоја година, во летниот период, доаѓа до палење.

Причините за денешниот пожар засега не се познати, а екипите на противпожарната бригада се на терен и работат на негово гаснење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни