Македонија

Ангелов се извини на сите кои му пишале, а не им вратил на Фејсбук за огласот за вработување нови 400 пожарникари

Ангелов се извини на сите кои му пишале, а не им вратил на Фејсбук за огласот за вработување нови 400 пожарникари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека веќе постои голем интерес за најавениот оглас за вработување на нови 400 пожарникари. Тој се извини на сите граѓани кои му се обратиле преку Фејсбук, а не добиле одговор.

„Уште од сега постои голем интерес кај граѓаните, особено кај помладите. Само јас можам да кажам дека мојот Фејсбук инбокс е затрупан со пораки, се извинувам што не можам да одговорам на нив. Исто така добивам многу барања или интерес пријави и на мојот приватен број иако заинтересираните треба да се пријават онаму каде што го бараат огласите односно повиците кои се објавени“, рече Ангелов.

Тој нагласи дека главната цел е вклучување на млади и физички подготвени лица во системот за заштита од пожари.

„Нашата цел е од лицата кои ќе се пријават, особено од помладите и здравите и секако услов е психо-физички да се здрави истите да поминат соодветна обука, да добијат соодветна заштитна униформа и постепено да ги вклучиме во превенција од пожари и на полесните места да бидат вклучени во гаснење на пожари.“, изјави Ангелов.

Огласот се очекува да биде официјално објавен наскоро, а институциите апелираат заинтересираните внимателно да ги следат повиците и упатствата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни