На 11 јули 2025 година, во 12:15 часот, во СВР Скопје било пријавено од страна на А.Ј. дека при извршување на работни задачи на улицата „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани.
Градоначалничката не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош.