Македонија

15-годишник палел оган и горел кабли во Скопје – полицијата го приведе

15-годишник палел оган и горел кабли во Скопје – полицијата го приведе

Денеска (12.07.2025) во 00.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ.

Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на ул.„Скупи“, каде запалил оган и горел кабли.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни