Македонија

Се огласи Витина: И покрај тоа што сме ги алармирале сите надлежни, денес продолжува незаконското градење

Се огласи Витина: И покрај тоа што сме ги алармирале сите надлежни, денес продолжува незаконското градење

И покрај вчерашната пријава до надлежните институции и присуството на терен, градежните работи на спорната дивоградба на булевар „Никола Карев“ во скопската општина Чаир денеска продолжуваат без прекин. Објектот, кој се гради на само 100 метри од полициска станица, се изведува без градежна дозвола и претставува сериозен ризик за безбедноста на околината.

Членката на Советот на Град Скопје, Ирена Витина, која вчера поднесе пријава и лично сведочеше на теренот, реагира остро на институционалниот молк.

– И покрај тоа што сме ги алармирале сите надлежни – МВР, државната градежна инспекција, Министерството за транспорт и врски и општинските инспекции на Чаир – денес продолжува незаконското градење како да нема никакви закони. Овој случај ја отвора болната прашање: каде се институциите? – прашува Витина.

Според неа, толерирањето на вакви појави претставува директно кршење на правниот поредок и ја поткопува довербата во државата.

– Граѓаните имаат право на уреден, безбеден и законски регулиран простор. Вчера бевме речиси три часа во полициската станица Кисела Вода, каде еден од полициските службеници отворено ни рече дека МВР нема никаква моќ да постапува во Чаир, што е загрижувачко и неприфатливо – додава Витина.

Таа апелира до сите надлежни институции веднаш да реагираат, да го прекинат беззаконието и да обезбедат одговорност за сите инволвирани. „Законот мора да важи за сите – без исклучок“, порачува таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни