Македонија

ВИДЕО Младо мече забележано како слегува од дрво на Пелистер

ВИДЕО Младо мече забележано како слегува од дрво на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк Пелистер забележа младо мече на возраст од околу две и пол години како слегува од дрво високо околу дваесет метри.

Необичната сцена се одиграла во шумските предели на паркот и била документирана од страна на службата за заштита на диви животни.

Се претпоставува дека мечето се качило на дрвото за да се заштити или од љубопитство, а по извесно време самоиницијативно слегло надолу.

Надлежните апелираат до посетителите на Пелистер да бидат внимателни и да не се доближуваат до диви животни, туку да ги пријавуваат ваквите средби кај ренџерската служба за да се овозможи нивна заштита, но и безбедност на луѓето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни