Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија – се барал со меѓународна потерница од Австрија

Уапсен македонски државјанин во Албанија – се барал со меѓународна потерница од Австрија

Албанската полиција уапси македонски државјанин баран со меѓународна потерница, во рамки на акцијата „Операција 54“, спроведена од Дирекцијата на силите за специјални операции.

Приведениот е 41-годишниот М.А. од Скопје, кој се бара од австриските власти по налог на Јавното обвинителство во Инсбрук, поради серија тешки кривични дела. Според официјалното полициско соопштение, тој е обвинет за „трговија со дрога“, „опасна закана“, „тешка изнуда“ и „повреда“ – дела за кои австрискиот Кривичен законик предвидува казна до 20 години затвор.

При апсењето, полицијата извршила претрес при што била пронајдена и запленета количина марихуана, која ќе биде искористена како доказ во понатамошната постапка. Интерпол Тирана продолжува со спроведување на правните процедури за екстрадиција на М.А. во координација со австриските власти.

Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин во Албанија поради меѓународна потерница во текот на месецов. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“ беше уапсен 34-годишниот А.А. од Кичево, кој се бараше од Интерпол Берн (Швајцарија), каде е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни