Балкан

Вучиќ: Србија цврсто стои, работиме секој ден за подобар живот за секој граѓанин

Вучиќ: Србија цврсто стои, работиме секој ден за подобар живот за секој граѓанин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека во време кога се обидуваат да ја потресат земјата и однадвор и однатре, Србија стои цврсто и дека секој ден работи за подобар живот за секој граѓанин.

„Во време кога се обидуваат да нè потресат и однадвор и одвнатре, важно е да знаете дека Србија стои цврсто, дека нашата земја оди по својот пат, мирно, безбедно и одговорно“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Вучиќ, заедно со објавеното видео во кое се сумира она што е направено во текот на изминатата недела, изјави дека се работи тивко, секој ден, за подобар живот за сите граѓани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни