Неколку лица загинаа, а многу други беа повредени во пожар што избувна вчера во дом за стари лица во американскиот град Фол Ривер, Масачусетс.
„Не објавуваме точен број на жртви бидејќи чекаме информации за состојбата на некои од повредените. Ова е ужасна трагедија за градот Фол Ривер и за погодените семејства. Нашите срца се со нив утрово“, изјави портпаролот на противпожарната служба на Масачусетс, Џејк Ворк.
Според него, околу 50 пожарникари одговориле на повикот и успеале да го стават пожарот под контрола во домот за стари лица „Габриел Хаус“.
Пожарникарите спасија многу од станарите, но неколку луѓе загинаа на местото на настанот, а други беа префрлени во болници, додаде тој.
Се истражува потеклото и причината за пожарот.