Денеска во 11.25 часот ТППЕ Струмица нтервенираше на пожар во запален стан на улица М.Х.Јасмин.
Од таму велат дека пожарот бил во разгорена фаза, започнат од кујната и веќе ги зафаќал сите простории во станот при што чадот се ширел низ целиот влез кон погорните катови.
„Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено изгаснат и е спречено настанување на поголема материјална штета и загуба на човечки животи. Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број“, велат од ТППЕ Струмица