Македонија

ДУИ и Алијансата за Албанците го поделија теренот – ова се најверојатно кандидатите за градоначалници

ДУИ и Алијансата за Албанците го поделија теренот – ова се најверојатно кандидатите за градоначалници

Политичките партии од албанскиот блок – Демократската унија за интеграција (ДУИ) и двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари – според наши информации постигнаа договор за распределба на кандидатите за градоначалници во повеќе општини во Македонија. Оваа поделба, која се очекува да има значително влијание врз исходот на локалните избори, веќе ги дефинира имињата на дел од кандидатите.

Според договорот, крилото на Зијадин Села ќе ги предложи кандидатите за Струга (Зијадин Села), Дебар (Тирон Јагага) и Арачиново (Дритон Небиу). Од друга страна, Алијансата на Арбен Таравари ќе ги има кандидатите за Гостивар (Арбен Таравари), Врапчиште (Исен Шабани) и Сарај (Блерант Рамадани).

ДУИ ќе има свои кандидати во најголем број општини, вклучувајќи го и Чаир, каде кандидат ќе биде актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, како и Липково (Еркан Арифи), Тетово (Бајрам Реџепи), Боговиње (Бесник Емшиу), Желинo (Емир Сулејмани), Брвеница (Аркин Џаихи), Чашка (Суат Шаќири), Пласница (Алија Јаоски) и други. Дел од кандидатите од овие општини веќе се потврдени со поддршка од партијата, што е означено со зелена штикла на листата.

Остануваат уште неколку општини за кои не е познато кој ќе ги добие кандидатурите, што отвора простор за дополнителни договори и евентуални изненадувања до финалното затворање на кандидатските листи.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни