Во државата има над 200.000 дивоградби во 80 општини, истакна Изет Меџити, додавајќи дека најголем број од нив, кога станува збор за албанските општини, има во Гостивар. Меџити нагласи дека институциите треба да постапуваат кога се крши законот, но предупреди дека не смее да има селективност во справувањето со овој проблем.
Во врска со кандидатурите за претстојните избори, тој посочи дека Влен придонесува кон демократизација на политичката сцена, поддржувајќи и независни кандидатури кои, како што рече, носат додадена вредност во политиката. Моментално, независниот кандидат Менди Чира во Струга ја има поддршката на Влен, а за 16 други општини се чекаат резултати од агенции за мерење на рејтингот, врз основа на кои ќе се изберат најдобрите кандидати.
Меџити потенцираше дека целта е да се истакнат најквалитетните и најобразованите кандидати во албанските општини, кои ќе придонесат за силна децентрализација и ќе обезбедат победа како и на минатите локални избори.